Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш повика на четиридневен велигденски хуманитарен прекин на огнот во Украина, почнувајќи од 21 април.
Гутереш го даде предлогот во седиштето на ОН, велејќи дека прекинот на огнот ќе овозможи евакуација на цивилите од „подрачјето на сегашна или очекувана конфронтација“ и испорака на хуманитарна помош во области како што се Мариупол, Доњецк, Луганск и Херсон.
Тој посочи дека ОН се подготвени во тој период да испратат конвои со хуманитарна помош на тие локации.
„Четиридневниот велигденски период треба да биде момент за обединување околу спасување животи и понатамошен дијалог со цел да се стави крај на страдањата во Украина“, рече Гутереш.