Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, денес изрази неверување за извештаите за убиени или повредени Палестинци кога израелските сили отвориле оган врз нив додека се обидувале да добијат хуманитарна помош и повика на независна истрага.
„Неприфатливо е Палестинците да ги ризикуваат своите животи за да добијат храна“, рече Гутереш, пренесува Ројтерс.
Најмалку три лица беа убиени, а 35 беа ранети во утринскиот напад на израелските сили врз Палестинците, што се случи во центарот за дистрибуција на хуманитарна помош во градот Рафи на југот од Газа.
Во меѓувреме, палестинското Министерство за здравство во Газа објави дека израелските сили го бомбардирале и уништиле Центарот за дијализа во градот Беит Лахија.
„Ал Џезира“ наведува дека тоа е единствениот центар за дијализа во северна Газа и дека таму се лекувани повеќе од 160 пациенти поради проблеми со бубрезите.
Палестинското Министерство за здравство изјави дека бомбардирањето е извршено само неколку недели откако центарот бил повторно отворен по претходниот напад.
Како што е наведено, околу 40 проценти од пациентите од Газа на кои им е потребна дијализа починале од почетокот на војната бидејќи не можеле да одат на лекување, пренесува Танјуг.