Француската агенција за антимонопол денес ја казни компанијата „Алфабет“, која е сопственик на „Гугл“, со 500 милиони евра, бидејќи не ги почитуваше наредбите во врска со пренесување на информативни содржини.

Advertisements

Американскиот технолошки гигант мора да претстави предлог за исплата на надоместок на новинските агенции и другите медиумски компании за објавување на нивните вести во следните два месеци, или во спротивно ќе добие дополнителна казна од 900.000 евра на ден.

Медиумските организации АПИГ, СЕПМ и АФП го обвинуваат технолошкиот гигант дека не успеал да влезе во разговори со добра волја за изнаоѓање договор за пренос на информативна содржина на Интернет, во согласност со неодамна донесената директива на ЕУ.

Прикажи повеќе