Првиот вицепремиер Артан Груби кој е назначен за координатор за изградбата на коридорите 8 и 10 Д, вели дека договорот со Бехтел и Енка нема да биде објавен во јавноста, бидејќи е класифициран. Тој на брифингот со новинарите прецизира дека договорот со изведувачот „Бехтел и Енка“ е класифициран на барање на конзорциумот и затоа не смеат да се објавуваат деталите. На истиот начин работеле и при изградбата на автопатите во регионот поточно во Хрватска, Србија, Косово и Албанија. Кај нас, како што рече Груби, договорот со „Бехтел и Енка“ веќе го има и Јавното обвинителство, кое отвори постапка по допрен глас за проектот за изградба на коридорите 8 и 10 д.