Група пациенти кои се излечиле од Ковид 19 во клиниката Жан Митрев денеска повикаа медиуми за да дадат поддршка на сопственикот за кого скопското обвинителство води истрага за измама, јавува Телма.
Пациентите кои го поддржуваат Митрев, дел поминале низ процесот на хемофилтрација дел не, но велат дека дека се многу задоволни од третпамот во болницата и целиот докторски тим кој вложил натчовечки напори за да им го спаси животот.
Тврдат дека сами се организирале преку телефон или на социјалните мрежи и дека засега потпишани се 20 тина но дека и други ќе им се придружат.























