Во изминатите денови бурни реакции за отворањето на културниот клуб во Битола од страна на бугарско здружение кој ќе го носи името на Ванчо Михајлов. Тоа било провокација од Бугарија, бидејќи на самиот чин на отворањето присуствувал и премиерот Кирил Петков. Но, одамна во Македонија има восочни фигури на Ванчо Михајлов. Сепак, според поранешниот премиер Никола Груевски, во чие време беше пресечена лентата на Музејот во Ново Село каде има восочна фигура на Ванчо Михајлов, а восочна фигура има и во Музејот на ВМРО во Скопје, вели дека восочните фигури не значат дека се рехабилитира таа личност.

-Зошто имало восочни фигури и слики од еден или друг лик во историски музеј? Затоа што тоа не е музеј на хероите, туку музеј кој ја визуелизира историјата каква што била, а дел од неа се и хероите и антихероите и сите што одбележале некоја историска епоха на одреден простор со своето делување. Така е во целиот свет. Поставките во еден таков музеј не претендираат да ја толкуваат историја. Тоа евентуално може да го прави кустосот кој дава информации поврзани со поставките во музејот. Да, дури и музејот на восочни фигури Мадам Тисо во Лондон или Хонг Конг не ги рехабилитира Хитлер и Мусолини, или пак Сталин во истиот музеј во Прага, само затоа што беа поставени таму. Неможе да се прикаже историјата во историски но и во други типови музеи само со селективен избор на настани и ликови. Се друго е или незнаење или дневна политика и партиски препукувања. Фотографии од музеите низ светот-подолу, вели Груевски.