Поранешиот премиер Никола Груевски, на Фејсбук сподели објава на македонското здружение во Бугарија “ОМО Илинден-Пирин”, коментирајќи дека секој паметен (бугарски) политичар после четири национални катастрофи ќе се запраша дали имаат погрешен однос кон македонското прашање.

– Секој паметен политичар во Бугарија после четири национални катастрофи, како што нивните историчари ги нарекуваат двете балкански и двете светски војни за Бугарија во кои во сите тие Бугарија влезе заради Македонија, би се запрашале дали нешто е погрешно кај нив можеби по однос на македонското прашање и политиките на Бугарија кон Македонија. И дали истата политика кон Македонија ги носи и кон петта национална катастрофа по која трајно или на многу долг рок ќе ги загубат Македонците како близок и пријателски народ и сосед, колку и ова малтретирање да трае долго до влезот на Македонија во ЕУ?