Поранешниот премиер и екс лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на својот Фејсбук профил посочува дека осмислувач на инцидентите на 27 април е СДСМ.

Тој смета дека директни осмислувачи на сценариото за предизвикување на овие инциденти на 27 Април е самата денешна власт предводена од СДСМ, тогаш се уште опозиција, или власт во доаѓање.

„Вистинскиот осмислувач работи друг да се осуди за осмислувач на настаните од 27. Април. Како и во минатите неколку години на овој ден, забележав дека челниците на власта на СДСМ предводено од Заев, Шеќеринска, Спасовски и останатите објавија свои ФБ статуси во кои главната поента е дека инцидентите на 27 Април 2017 година се анти демократски чин и дека виновни ги прогласуваат тогашното водство на ВМРО-ДПМНЕ, во прв ред мене лично но и другите кои се во судска постапка, како организатори и учесниците, односно граѓаните кои протестираа и особено оние кои влегоа во парламентот. И дека требало сите да одговараме.Не пишуваат и не говорат дека анти демократски чин е против уставно, против законски и спротивно на деловникот, и без мнозинство, надвор од работното време и без присуство на претседавачот, по завршување на седницата, надвор од сите правила да назначат претседател на парламентот“, посочува Груевски.