Бисерка Јовановска Ќаева, сосетка на поранешниот премиер Никола Грувески сведочеше дека купила стан на улицата Бихаќка и така му станала сосетка на тогашниот премиер.
Таа во одговорите што ги даде на прашања од обвинителката Лиле Стефанова објасни дека станот го купиле за својата ќерка која била студентка, таму не живеела, само го користела кога со друштво одела во тој стан.
Семејството Ќаеви подоцна го продале тој стан затоа што бил мал за семејството, а рече и дека постојано имало контроли, биле легитимирани кога влегувале дома од обезбедувањето на Груевски, но пред се затоа што станот бил мал решиле прво да им го понудат на соседите, но и на поранешниот премиер.
– Јас, лично не се видов со тогашниот премиер, туку со луѓе овластени од него со кои отидовме на нотар и се изврши купопродажбата, рече Ќаева.
Според обвинението, Груевски кој живееше со семејството на Бихаќка имал уште два стана во истата зграда, а кои само црно на бело биле на други лица, како наводни сопственици, а кои. никогаш не влегле во тие станови. Токму ова денеска беше во фокусот на сведочењата и на другите сведоци. По сосетката на Груевски, сведочеше и бинисменот Илија Гечев.
Секретарката на Александар Ивановски -Теранова, Татјана Стојановска, денеска во судница истакна дека на имотен лист, поседува два стана, односно еден на нејзино име, а еден на фирма, а за кои како што рече, реално не ги поседува, туку се на Никола Груевски.
Стојановска на прашање на обвинителката Лиле Стефанова, а на судењето за “Плацевите на Водно”, одговори дека во периодот од 2008-2012 година работела во ИНКА Инженеринг, со месечна плата од 25.000 денари.
На прашањето на обвинителката Стефанова кој и дал пари за станот, сведокот рече:
-Парите беа во агенцијата, многу помина време не се сеќавам. Отидов во агенцијата која го огласуваше станот. Дојде човек од кај Груевски, отидовме на нотар за попишување и толку беше, рече сведокот, која додаде дека свои пари не дала.
Дополни и дека никогаш не добила клуч и ниту еднаш не влегла во станот.
Таа одговори и дека е управител на ИТК Инженеринг. Појасни дека фирмата е основана во 2008-2009 година, за да учествува на тендер.