Во врска со неговото присуство на 40-годишнината од основањето на Специјалната aнтитерористичка eдиница – Тигар, првиот вицепремиер Артан Груби во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека тоа е добар знак за напредок и време е за меѓусебно помирување.
„Мораме заедно да одиме напред. Очекувам истото да се случи од македонските политичари во некој од нашите настани, на Албанците. Заев ми вети дека во редовите на единицата „Тигар“ ќе бидат вработени и Албанци, и тоа е добро, покажува дека државата е заедничка на сите што живееме тука“, истакна Груби.
Груби истакна дека и претходно имало Албанци кои биле во редовите на единицата Тигар, но се откажале.