Првиот вицепремиер и министер за Политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби денеска во Тирана присуствува на конгресот на Социјалистичката Партија, каде е и панелист во делот на кој се разговараше на темата „Регионот, Европа, Безбедноста“.
Обединетиот глас на Албанците од Западен Балкан треба да биде столбот на евро-американскиот дух на нашиот регион, со конститутивен и суштински пристап во обликувањето на стратешките приоритети на нашите земји за регионот и за претставувањето на регионот во политиките на целосната интеграција, рече меѓу другите Груби во својот говор.
-Обединетиот глас на Албанците од Западен Балкан треба да биде столбот на евро-американскиот дух на нашиот регион, со конститутивни и суштински пристапи во обликувањето на стратешките приоритети на нашите земји за регионот и за претставувањето на регионот во политиките на целосната интеграција.
Во секој проект на регионална соработка, еден од нас е најмалку трет, а во некои случаеви дури и четврт, и следствено, ниту една одлука за целиот регион и шесте од Западен Балкан не може да се донесе без наша согласност и затоа не треба да се двоумиме од иницијативите за дијалог и соработка.
Јасно е дека секоја наша земја има свои карактеристики, но во овој контекст би подвлекол дека институционалната и националната координација или постојаните консултации како денешните се повеќе од неопходни, пред да ги поставиме нашите позиции пред институциите на ЕУ или другите регионални и меѓународни субјекти.
Сепак, за нас Европската интеграција е единствената алтернатива.
Европската Унија нема друга алтернатива освен итно интегрирање на регионот, порача Груби.