На новинарско прашања дали комуницира со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вицепремиерот Груби вели дека имаат комуникација.

„Со Мицкоски комуницирам, бара предвремени избори и негира секаква поврзаност со Русија“, изјави Груби во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21.

Груби воедно изјави:

-Не сум убеден дека ВМРО-ДПМНЕ сакаат референдум, мислам дека ова е само една нивна политичка кампања колку да бидат актуелни. Видете, иницијативата сеуште не беше стигната до Собранието, тие излегоа на прес-конференција повикувајќи го Џафери да не ја одбива, уште не стигната замислете, свесни дека ќе се одбие, дека не е во согласост со уставот. Така што, мислам дека и тие не сакаат референдум“, изјави вицепремиерот Артан Груби во гостување во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21.