Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска изјави дека смета оти вчерашните насловите во медиумите биле погрешни, дека некој бил сменет во ДУИ. Тој вели дека не е не е вистина оти некој од министрите на ДУИ се сменети од партиските функции, туку само е избрано ново раководство.
Генералниот совет на партијата донесе одлука за нови членови на централното претседателство туку и генералните секретари, одговори Османи на прашањето дали се сменети односите во партијата по смената на вицепремиерот Артан Груби од партиската функција организациски секретар.
„Дури мислам дека Артан Груби е унапреден во ова централно претседателство бидејќи е член на ова централно претседателство. Односите се добри. Пак ќе кажам политичките организации се всушност составени од луѓе кои претставуваат различни електорати,“ објаснува Османи на новинарските прашања за вчерашниот вонреден состанок во ДУИ на кој беше избрано ново раководство.