Првиот вицепремиер, заедно со премиерот Зоран Заев, имале средба со претставници на ромската заедница. Разговарале за процесот на нивната интеграција во општеството.
Како што вели Артан Груби, веќе е усвоена национална стратегија за ромската зедница, а додава дека Северна Македонија е мултиетничка земја пример во целиот регион.
-Ние како Влада, веќе имаме изработено Национална стратегија за ромската заедница преку која имаме за цел да постигнеме постојан развој во социјалната, економската и политичката сфера и особено во делот на заштита на оваа заедница од дискриминација и расизам.
Северна Македонија е мултиетничка земја, но исто така и пример за целиот регион и пошироко во однос на интеграцијата на ромската заедница во нашето општество, порача Груби.