Правиме напори да ги започнеме уставните измени, кон крајот на јули верувам дека ке ја започнеме постапката, вели за „Студио 10“ Артан Груби.

– Во Собранието има 120 пратеници, нема 80. Сметам дека сите тие, со исклучок на двајца пратеници, се за интегрирање на нашата земја во ЕУ, како што беа за во НАТО. Убеден сум дека ако се претстави добро оваа техничка измена во Уставот би ја прифатиле и граѓаните, а не само пратениците. Ова се само технички амандмани за да го продолжиме европскиот пат на Македонија, рече Груби.

Груби порача дека е битно тоа што го кажа Христијан Мицкоски на 7-ми јуни месецов.

– Ќе се памти тој ден, не по тоа што ми е роденден, туку по изјавите на Мицкоски. Сакам јавно да му се заблагодарам за можноста што ни ја даде да продолжиме кон европскиот пат. Се покажа дека адресата не им е на друго место, туку во Брисел и Вашингтон. Тој не беше свесен дека сме реагирале и го прифативме неговиот предизвик. 7-ми јуни ќе се памети дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ прифатија уставни измени, прифатија Бугарите да се вклучат во Преамбулата и Уставот, прифати да нема предвремени парламентарни избори и се надевам дека сите овие ретерирања, веќе се променети и дека сме на нов терен. Охрабрувам да почнеме со постапката и да ги разгледаме предлозите на Работната група, истакна вицепремиерот.

Груби вели дека 7-ми јуни е клучен ден за одлуки.

– Нашиот став од 7-ми јуни е најдоброто нешто што сме можеле да го направиме. Ние ветивме европска интеграција. ДУИ е партија која ветува и остварува. Во насока на нашата партија, ние се би жртвувале само Северна Македонија да влезе во Европска Унија. Небитна е власта. Дали меѓу ДУИ во опозиција или Македонија во ЕУ, ние ќе бираме Македонија во ЕУ. Немаме дилема за ставот. После сите кризи, ова е вистинскиот пат. – вели Груби.