Првиот вицепремиер Артан Груби. Тој вели дека руското присуство на Балканот е загрижувавчко. Тој ова го изјави во синоќешната емисија Клик Плус на ТВ21.

„Руското присуство и влијание на Балканот а посебно во Северна Македонија е загрижувачко. Се соочуваме со една хибридна војна на социјалните мрежи, се соочуваме со една пропаганда. Имате на пример келнер во еден локал во Скопје каде служи гости со маица со знакот „Z„. Исто така имаме една про-руска партија која има исто име исто лого како во Путинова Русија. Ние дефинитивно го немаме луксузот да скршнеме од европскиот пат“, рече првиот вицепремиер Артан Груби во студиото на ТВ21.

Тој рече дека најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ откако почнала војната се конструктивни.

„Опозиционата ВМРО ДПМНЕ сега се конструктивни, односно откако започна војната во Украина рече Груби. Конструктивни се во Собрание, внимателни се со нивните изјави и генерално сметам дека последните неколку недели се конструктивни како партија во однос на стратешките цели на Македонија. Тој додаде дека сите политички партии освен Левица се на иста линија во однос на украинското прашање и се однесуваат конструктивно“, додаде Груби.