Првиот вицепремиер Артан Груби денеска во изјава за ТВ21 го коментираше предлогот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за тоа Африм Гаши, наместо Димитар Ковачевски, да биде мандатар во Владата до изборите.
Груби вели дека за да предложи премиер, ВМРО-ДПМНЕ прво мора да победи на парламентарни избори.
„Предлогот доаѓа од редовите на Демократската унија за интеграција, поточно од г. Али Ахмети и не може да предложи ниту една друга партија согласно договорот, особено не ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи тие го немаат мандатот. Во моментот кога ќе го добијат мандатот на парламентарните избори, ако ВМРО предложи Албанец за премиер наместо господинот Мицкоски или кој било друг што го планираат за мандатар, ние сепак ќе го поддржиме“, изјави Груби во изјава за ТВ21.