Вицепремиерот Артан Груби ја призна вината за кршење на здравствените протоколи и ги повикува институциите да изречат казни за сите функционери на ДУИ, кои учествуваа на прославата на роденденот на Али Ахмети во просториите на Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците.
“Реакциите на јавноста за сликата без маски се оправдани и сметам дека згрешивме за миг и со објавувањето на истата се испраќа погрешна порака на сметка на потребата за носење на лична заштита”, изјавил Груби за порталот 360 степени.
Роденденот на Ахмети се совпадна со отворањето на новите канцеларии на министерството, а Груби се пофали со изгледот на неговата нова канцеларија со прескапи гарнитури и уметнички слики.