Тема на дискусија на оваа трибина беше именувањето на улиците со имиња на истакнати личности и важни настани од албанската национална историја.
Ви честитам за ова достигнување за промена на имињата во градот Скопје како една од знаците и камењата на калето кои ќе бидат видливи за граѓаните и ќе ја направат разликата како било и како е денес, но не треба да застанеме тука, истакна првиот вицепремиер на Владата и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците, Артан Груби, на денешната трибина на тема „Скопје и новите албански адреси, рефлексија на Охридскиот договор”.
Трибината, што се спроведе во рамки на активностите за одбележување на 20-годишнината на Охридскиот договор, беше организирана од страна на Институтот за Духовно и културно наследство на Албанците и Министерството за политички систем и односи помеѓу заедниците.
Тема на дискусија на оваа трибина беше именувањето на улиците со имиња на истакнати личности и важни настани од албанската национална историја, со што 150 имиња се поставени како имиња на улици, плоштади, булевари во Скопје до денес.
Груби во неговиот говор истакна дека ова е големо достигнување како резултат на имплементацијата на Охридскиот договор.
Првиот вицепремиер на Владата ги извести присутните за текот на преземените активности од страна на Владата за одбележувањето на 20 годишнината на Охридскиот договор и му честиташе на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците предводен од директорот Скендер Асани за учеството во програмата за одбележувањето на овој значаен јубилеј за земјата. Тој му честиташе на директорот Асани и за објавувањето на неговата најнова книга со наслов „Новите адреси на еден спомен”.
– 20 години не се далеку. Застанете само направете ја разликата како сме биле пред 20 години и како сме денес. Во Влада зборуваме на албански, во Собрание зборуваме албански, влезете на веб страната на претседателот, се е и на албански јазик. Не подалеку од вчера на одбележувањето на Илинден бучеше албанската музика и албанското оро сред Крушево и немаше никакво двоумење од ниеден учесник околу достоинствената презентација и на албанската култура. Нема институција во ова земја која не зборува и албански. Нема ништо невозможно кое ние не можеме да го реализираме и ова благодарение на сите оние кои ја имаа храброста од логорите до Собранието да ја променат политичката, правната реалност на оваа држава правејќи го албанецот државнотворец и придонесувач во нашето општество, кажа Груби.
На крај, тој ги покани сите присутни на оваа трибина да учествуваат на сите настани за што е можно подостоинственото одбележување на 20 годишнината на Охридскиот договор.