Првиот вицепремиер и министер за Политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби денеска учествуваше на „Prespa Forum Dialog“ организиран по повод манифестациите во чест на 20-годишнината од потпишувањето на Охридскиот Рамковен Договор.
Во оваа пригода, Груби рече дека Охридскиот Рамковен Договор одигра многу важна улога во трансформацијата на Република Северна Македонија, што ја направи функционална мултиетничка демократија и ја претвори во клучен фактор за стабилноста на целиот Балкан.
Првиот вицепремиер Груби пред присутните исто така рече дека улогата на меѓународната заедница во олеснувањето и спроведувањето на Охридскиот Рамковен Договор беше голема и многу потребна и дека без помошта на европските партнери и aмериканските пријатели, земјата тешко ќе чекореше напред.
Груби ги покани лидерите на соседните земји но и пошироко да го користат овој уникатен договор со цел надминување и решавање на отворените домашни или регионални проблеми.
„Кога мојата земја аплицираше за членство во Европската Унија во 2004 година, нашиот драг пријател Хавиер Солана претстави широко прифатена максима во нашиот дискурс и во нашиот однос со Европската Унија, наведувајќи дека „Патот до Брисел минува низ Охрид“.
Навистина така и се случи. Се сеќавам на насмеаното лице на Ерван, со неговото бело палто и шарениот шал, неколку дена по стапувањето на должност, носејќи шише Шампањ со цел да прославиме, и тоа на крајот на декември 2005 година кога нашата земја го доби статусот кандидат за членство во ЕУ, токму како резултат на спроведувањето на Охридскиот рамковен договор.
Рано утрово, еден телефонски повик од г-дин Ахмети, кој денес е тука со нас, го смени говорот што имав намера да го одржам.
Пред точно 37 години, на овој ден, тој беше принуден да замине и да побара азил во Швајцарија и да не го види своето семејство повеќе од една деценија. Откако како студент двапати беше уапсен од југословенската тајна служба по демонстрациите во 1981 година, тој успеа да се спаси од третиот обид за апсење и побегна во Швајцарија од каде ја продолжи борбата за демократија и слобода.
Од избувнувањето на војната во Словенија, Хрватска, Босна, Косово, Северна Македонија и Србија, стотици илјади луѓе загинаа, а милиони се раселија.
Кога ќе се потсетиме на сето она низ што сме поминале сите во последните три децении и каде сме денес, се прашувам себеси, ЗОШТО?
Зошто да го идентификувате интересот на вашата нација на штета на друга нација?
Национализмот, драги мои пријатели, заслепе некои од нас и донесе уништување предизвикувајќи да изгубиме две децении од нашиот живот.
За да се бориме против тоа масовно слепило, беа потребни храбри мажи и жени да се кренат на нозе и да кажат ДОСТА Е.
И на тие мажи и жени им требаше поддршка од слободниот свет за да се постигне мир.
Такви мажи и жени беа оние кои го потпишаа Охридскиот мировен договор пред 20 години и Преспанскиот договор пред две години.
Потребна е поголема смелост да се стави крај на недоразбирањата отколку да се создадат нови проблеми.
„Благословени се миротворците”. Затоа, би сакал да се зголеми важноста на еднаквоста и верноста.“, рече Груби.