Ќе бидат испочитувани сите протоколи, на присутните ќе им се мери температура, па не ја разбирам масовната хистерија на социјалните мрежи, вели првиот вицепремиер Артан Груби. Инаку, на социјалните мрежи има негативни реакции во време на моменти кога коронавирусот, односно Ковид 19 повторно се шири, има масовни собири и прослави за Охридскиот рамковен договор чиј организатор е токму Министерството за политички систем и односи меѓу заеднициите чиј министер е Груби.
-Централниот настан во Александар Палас на 13 август ќе биде во сала која собира 1500 луѓе а ќе присуствуваат не повеќе од 200 луѓе кои што ќе носат маски, ќе бидат повеќе од 1.5 метар разделечени, ќе им се мери температура пред влезот, па затоа не ја разбирам оваа масовна хистерија по социјалните мрежи, се надевам дека не се донесува на Охридскиот рамковен договор и на неговата имплементација туку е навистина загриженост. Согласно програмата за одбележување на Охридскиот рамковен договор предвиден беше огромен концерт на плоштадот Мкаедонија вечерта на 13-ти Август но решивме ние како министерство да го одложиме, да не го одржиме, кажа Груби.