Првиот вицеприемиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби придружуван од пратеникот во Европскиот парламент Илхан Ќучук и градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу го посети денеска О.У. „Исмаил Ќемали“.
Целта на оваа посета е продлабочување на соработката меѓу две училишта „Исмаил Ќемали“ во Чаир и „Емилијан Станев“ во Велико Трново.
Сега оваа соработка станува реалност во соработка со Европскиот парламент и Ќучук заедно со Ганиу кој е тука да ја официјализира оваа соработка меѓу двете училишта под официјална поддршка на Европскиот парламент – рече Груби.
Европратеникот Ќучук истакна дека заедно прават проекти во областа на образованието и културата.
Целта е преку училиштата да направиме еден конкретен проект, помеѓу училиштата во Велико Трново и во Чаир. Проектот ќе се заснова на тоа учениците да видат како се одвива учењето во Бугарија и Македонија врз основа на европската перспектива. Значи, јас сум тука со градоначалници и пратеници и идејата е да направиме што повеќе активности во областа на образованието и културата со решавање на најтешките проблеми бидејќи сум голем оптимист дека двата народа треба подобро да се познаваат – истакна европратеникот Ќучук.
Градоначалникот на Чаир Ганиу потенцијараше дека сака ова да биде добар чекор општините во иднина да воспостават уште поплодна соработка.
Оваа иницијатива што ја започнавме пред неколку недели, денеска ги правиме првите чекори и ја официјализираме. Драго ми е што европратеникот го познава регионот и со ова училиште ќе воспоставиме подобра соработка во иднина. Сакам тоа да биде добар чекор и во иднина нашите општини да воспостават поплодна соработка со тамошните општини – нагласи градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу.
На оваа средба присуствуваа и директорите на училиштата Бурбуќе Имери и Антоанета Палангурска, кои изразија подготвеност за реализација на различни проекти со учениците.