Седумдесет и двегодишен старец од Кичево е притворен под сомнение дека силувал малолетничка.
Според информациите на СВР-Охрид, поднесена е кривична пријава против А.А. (72) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување дете кое не наполнило 15 години“ и одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена по што е спроведен во казнено поправната установа „Затвор-Битола“.
„Пријавениот, во периодот од ноември 2024 до април 2025 година, во неговиот дом во Кичево и на други места, извршил други полови дејствија врз малолетничка од Кичево. По насоки на јавен обвинител, А.А. е лишен од слобода, а со малолетничката, по извршен медицински преглед, извршен е разговор во присуство на член на нејзиното семејство, претставник на Центарот за социјални работи и адвокат за малолетници“, информира полицијата.