Гром удри во близина на плажата во Градиште, 13 лица побарале лекарска помош
Гром удрил во близина на плажата Оревче во Градиште, денеска околу 15 часот, при што има повредени, а повеќе граѓани претрпеле шок.
Како што информира СВР Охрид, на последици се пожалиле 13 лица. Четворица се здобиле со изгореници на долните и горни екстремитети, а останатите се пожалиле на претрпен шок, страв, тахикардија и проблеми со слухот.
Дел од повредените биле пренесени во болница со возила на брза помош, а дел се јавиле на лекар самостоjно. Повредените се од различни градови од земјава.
Во Охридскиот регион и денеска имаше краткотрајно невреме проследено со врнежи од дожд, град, ветар и електрични празнења.