„Денеска попладне околу 17:45 часот, грчкиот државјанин се обидел да влезе во земјава со автомобил „пежо 206“ со германски таблички, но не поседувал зелен картон. За да помине на граница, тој му понудил на полицаецот 20 евра. Кога од страна на полициски службеник му било укажано дека мора да извади зелен картон, тој почнал агресивно да се однесува, а потоа му понудил поткуп од 20 евра на полицискиот службеник“, информира МВР.
Гркот бил приведен, а од полицијата велат дека ќе поднесат и кривична пријава за нудење поткуп до Основното јавно обвинителство Гевгелија.