Според извештајот на ГРЕКО за петтиот круг на евалуација што се однесува на спречувањето на корупцијата во РС Македонија, станува јас но дека од дваесет и три препораки за спречување корупција, спроведени се само четири, девет делумно, а десет препораки воопшто не се спроведени.
Од ГРЕКО имаат забелешка и заради двојната улога на вице-премиерот Љупчо Николовски, како висок политичар и како борец против корупција. Тој има надлежност да истражува и санкционира прекршувања и истовремено треба да обезбеди и доверливо советување и собирање докази за прекршувања на Кодексот, оттаму велат ваквата практика е неприфатлива.
ГРЕКО забележува дека е неопходен понатамошен напредок за да се демонстрира прифатливо ниво на усогласеност со препораките во следните 18 месеци