Грејпфрутот се разликува од останатите цитурсни овошја, бидејќи е хибрид од портокал и помело. Како и другите овошја тој е корисен поради високиот процент на витамини, но според некои истражувања може да биде и штетен.
Грејпфрутот е богат со витамини Б2, Ц , Е, провитамин А, калциум, калим, растителни влакна, органски киселини и етерични масла. И покрај овие благодети може да има несакани дејства, но, научниците истакнуваат дека тоа се однесува на негово консумирање во комбинација со некои лекови.
Имено сокот од грејпфрут може да предизвика несакана реакција ако се зема со лекови за болести на срцето и бубрезите.
Внимателно во комбинирањето со лекови
Една од неговите состојки ако дојде во контакт со одредени лекови го саботира нивното апсорбирање во желудечно-цревниот тракт. Причина за тоа е способноста на сокот од грејпфрут да го саботира дејството на ензимот CYP3A, кој делумно го нарушува дејството на лековите кои се внесуваат во организмот.
Затоа многу пациенти кои се под одредена терапија го избегнуваат сокот од ова овошје, додека други го пијат за да го засилат дејството на лековите, а тоа е благодарение на состојката фуранокумарин, која ја има само во него.
Ако пиете сок од грејпфрут на празен стомак, може негативно да се одрази на слузокожата од хранопроводот, желудникот, но и на забите и непцата. Освен тоа, грејпфрутот е познат како кисело овошје.
Благодатни етерични масла
Без разлика на сè, ова цитрусно овошје поволно делува на вашето тело, ако се консумира умерено и во мали количини. Помага при слабеење и детоксикација и го активира согорувањето на масните наслаги.
Етеричните масла од грејпфрутот, како и органските киселини имаат значителна улога во стимулација на размената на материите и производство на желудочни сокови, подобрување на варењето и апсорбцијата на храната.
Грејпфрутот помага при проблеми со опстипација. Свежо цеден сок од грејпфрут не само што помага при слабеењето, туку позитивно влијае на нервниот систем, особено при психичка и физичка исцрпеност.
Ако ве мачи несоница препорачливо е да каснете малку грејпфрут пред спиење. Во ароматерапијата грејпфрутот се користи при лекување на апатија и депресија. Тој ги подобрува концентрацијата и помнењето.
Избегнувајте меки и оштетени плодови
Кога купувате грејпфрут изберете овошје кое има сјајна или мат боја на кората. Купувајте тешки плодови кои не се меки под нежен притисок со прстите. Избегнувајте меки и оштетени плодови. Можете да го чувате на 18 степени една недела или во фрижидер 2-3 недели. Плодот и сокот од грејпфрут можат да се замрзнат.
Освен свеж може да се консумира и по термичка обработка. Најчесто од него се прават овошни салати, се додава во колачи, пудинзи, желеа. Може да се конзервира и како сируп или да се направи мармалад.
Кората од грејпфрут се користи за правење масло од грејпфрут кое се користи за безалкохолни пијалаци. Наргининот кој го има во внатрешноста на кората од грејпфрут се користи за горчливиот вкус на тоник пијалоците, горчливо чокладо и некои видови сладолед.