Можноста за поставување центри за вакцинација во универзитетските кампуси за имунизација на студентите со почетокот на академската година, ја разгледува грчката Влада, соопшти министерката за образование на Грција Ники Керамеос во интервјуто за грчкото радио „Скај“.

Advertisements

Паралелно, таа додаде дека ќе одржат средби со ректорите за да се разгледа начинот на кој студентите, по речиси 20 месеци ќе се вратат во амфитеатрите.

Карамеос објасни дека за невакцинираните студенти веројатно ќе биде задолжителен негативен тест.

Прикажи повеќе