Грчкиот министер за развој и инвестиции, Адонис Георгиадис, рече дека ковид рестрикциите ќе важи само за невакцинираните.

– Сите идни мерки за спречување на ширење на коронавирус ќе се применуваат само на лица кои не биле вакцинирани – рече министерот за развој и инвестиции во интервју за телевизијата Скај.

– Никој нема право да наметнува ограничувања на лице кое не е во опасност да заврши на интензивна нега – додаде министерот, како што објави АНА.

Во текот на следната недела ќе се одржи дискусија на тема дали може да се продолжи со спроведувањето на мерките на локациите „без ковид“ и „мешани“ локации, што Владата ги објави пред две недели, рече Георгиадис.

Тој објасни дека ситуацијата сега е сосема поинаква и дека поради брзото ширење на делтата варијанта, бројот на случаи се зголемува дневно од 500 на скоро 3.000.

– Во таква ситуација, како што рече, може да се донесе одлука да им се дозволи само на вакцинираните граѓани и на оние кои се опоравиле од ковид-19 да одат на места за забава „без ковид“ – истакна министерот.

Тој, сепак, истакна дека сите забавни места ќе бидат отворени на 15 јули „што и да се случи“.