Во координација со Европската Комисија, Грција ќе испрати по 20.000 дози од вакцините за Северна Македонија и Албанија, потврди портпаролката на грчката Влада Аристотелиа Пелони на денешниот редовен брифинг со новинарите, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина.

Advertisements

-Грција, во координација со Европската Комисија, како што прават повеќето европски земји за нивните директни соседи, ќе им понуди вакцини на соседните земји, 20.000 дози за Северна Македонија и 20.000 дози за Албанија, рече Пелони.

Во однос на тоа кога би можеле да пристигнат вакцините, портпаролката на грчката Влада објасни дека постои одредена процедура на техничко ниво во координација со Европската Комисија.

Прикажи повеќе