Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендијас ветува дека ќе се обиде на секој начин да го олесни решавањето на разликите меѓу Бугарија и Македонија.
Дендијас во интервју за „Јуроњуз“ потсетил дека по Солунската агенда Грција цврсто верува во европската перспектива на Западен Балкан.
„Бидејќи сме пријател на Бугарија и на Северна Македонија, ќе се обидеме да го олесниме решавањето на нивните разлики на секој начин на којшто можеме. Ние веруваме дека имаме заедничка иднина заедно, сите земји на Балканот. И сигурен сум дека сите ќе го ценат тоа“, истакна Дендијас.
Тој не се гледа како медијатор во спорот, ниту има намера да презема некоја иницијатива, која за него е многу силен збор, но не ја исклучува можноста Атина да биде корисна кон секој.