Од денеска, грчките власти дополнително ќе ги ублажат ограничувањата за граѓаните кои се целосно вакцинирани против корона вирусот.

Advertisements

Министерот за здравство, Танос Плеврис, кој ќе објави нови мерки по состанокот со владиниот комитет за Ковид-19, сепак отфрли дека ќе бидат воведени дополнителни, како што рече, „казнени правила“ за невакцинирани лица.

– Нашиот непријател не се невакцинирани луѓе, туку вирусот корона – рече Плеврис, пренесува порталот Катимерини.

Околу 6,18 милиони луѓе се вакцинирани против коронавирус во Грција, што сочинува 57,6 проценти од населението.

Прикажи повеќе