Во Институтот за јавно здравје во Тирана попладнево пристигнаа 100.000 дози вакцини „Астразенека“, донација од Република Грција, соопшти министерката за здравство и социјална заштита, Огерта Манастирлиу, заблагодарувајќи ѝ се на Република Грција за поддршката.
Таа најави дека вакцинацијата ќе продолжи од врата до врата.
Во Институтот за јавно здравје штотуку пристигнаа 100.000 дози вакцина „Астразенека“ благодарение на солидарноста и поддршката на владата на Република Грција. Досега пристигнати се 1.220.070 анти-ковид вакцини. Ние сме решени да продолжиме без да застанеме со националниот план за вакцинација, од врата до врата, за да ги заштитиме животот и здравјето на граѓаните. Албанија се насмевнува – напиша Манастирлиу на Фејсбук.
Со процесот на имунизација, кој во земјата, под мотото „Албанија се насмевнува“, почна на 11 јануари, до сега, опфатени се над милион и 20 илјади граѓани а половината од нив се ревакцинирани. Се користат вакцини од „Фајзер“, „Астразенека“, „Синовак“ и „Спутник В“.
Според националната стратегија за вакцинирање, целото население во Албанија треба да биде вакцинирано до пролет следната година. Според оваа стратегија, за да се постигне целосна имунизација, предвидена е вакцинација на 2,2 милиони луѓе, за кои се потребни 4,4 милиони дози вакцина
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.