Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис ја потврдил подготвеноста на Грција, земјата да го активира дигиталниот ковид сертификат на Европската Унија и пред 1 јули.
-Коронавирус ја забрза дигиталната трансформација на државата. Дигиталниот сертификат го олеснува патувањето, што е особено важно за нашата земја, сред туристичка сезона, порача Мицотакис на денешната презентација на Дигиталниот ковид сертификат на ЕУ, а во присуство на претседателот на Европскиот совет.
Тој нагласил дека Грција е подготвена да го активира дигиталниот сертификат и пред 1 јули, а ги повика и останатите држави тоа да го сторат за да се олеснат билатералните преговори.