Министерот за надворешни работи, Никос Дендиас денеска ја предупреди Северна Македонија дека ако не го спроведе доследно Преспанскиот договор, посебно употребата на новото име од јавните институции, не може да очекува поддршка од Атина за членството во ЕУ.
Дендиас смета дека има напредок во спроведување на договорот, но потребен е поголем напредок во доследната употреба на новото име од сите јавни институции и приватни субјекти, вклучително и веб-страници
Тој посебно ја истакна обврските на македонската страна да ја отстрани програмата против антиквизацијата, отстранување на Сонцето од Кутлеш од сите јавни места и преименувањето на улици и јавните објекти.
И покрај критиките, министерот Османи искажа благодарност на Грција за поддршката за членство во ЕУ.
„Дипломатската соработка ја демонстрира нашата намера за продлабочување на соработката, особено за европската интеграција на Северна Македонија, за што очекуваме силна поддршка од нашите пријатели од Хеленската Република“, изјавил Османи.
Во согласност со Договорот од Преспа и акцискиот план, Дендиас и Османи потпишаа три меморандума за соработка во областа на дипломатските академии на двете земји, цивилната одбрана и привлекувањето странски инвестиции.