Во среда, 22 февруари 2023 година, грчките компании “Џамбо/Веро”, “Кандиа”, Платамонас Фиш” и “ЕЛКА”, кои се активни во Северна Македонија, донираа школски прибор, играчки, природни овошни сокови и кроасани на јавната детска градинка “Гоце Делчев“ во Прилеп со капацитет од 280 деца. Испораката на донираните предмети беше координирана од Канцеларијата за Јавна Дипломатија на Амбасадата на Грција во Скопје во присуство на Генералниот Конзул на Грција во Битола, г-дин Александрос Видурис, на Шефот на Канцеларијата за Јавна Дипломатија, г-дин Константинос Прокакис, на Првиот Секретар за Економски и Трговски Работи на Амбасадата на Грција во Скопје, г-ѓа Ефтихиа Ксидиа, на сопственикот на продавницата “Кандиа”, г-дин Димитрис Вергицис и на Директорката за Продажба на продавниците “Џамбо/Веро” во Северна Македонија, г-ѓа Марија Прелоренѕу.
Генералниот Конзул на Грција во Битола, г-дин Александрос Видурис, изјави на присутните новинари дека Грција ја поддржува европската перспектива на Северна Македонија и во таа насока е подготвена да помогне на сите нивоа на соработка меѓу двете земји.
Шефот на Канцеларијата за Јавна Дипломатија на Амбасадата на Грција во Скопје, г-дин Константинос Прокакис, изјави дека донацијата на грчките компании за детската градинка “Гоце Делчев” во Прилеп има симболичен карактер и ја изразува солидарноста, соработката и пријателските односи меѓу Грција и Северна Македонија, кои се прошируваат на сите области на социјални и економски активности, како што се здравството, заштитата на животната средина, комерцијалните размени, образованието, културата итн.
Потоа, грчката делегација во зградата на Општина Прилеп оствари средба со Градоначалникот на Прилеп, г-дин Борче Јовчески и со Претседателот на Советот на Општината, г-дин Дејан Проданоски, при што двете страни разменија мислења за тоа како може да се зајакне соработката на Општината со грчки компании и институции преку проекти од заеднички интерес.