Граничниот премин „Станке Лисичково“ (Логодаж) меѓу Бугарија и Северна Македонија е привремено затворен за сообраќај на патнички и товарни возила во двата правци до 16:00 часот, соопшти бугарската Гранична полиција, јавува Трибуна.
Причината за прекинот е изведување на целосна реконструкција на граничната зона, при што денеска се поставува завршен слој асфалт на трасите.
Надлежните апелираат до возачите да го планираат своето патување преку друг граничен премин со Бугарија или да почекаат додека завршат градежните активности.
Во итни случаи, ќе биде дозволено движење на пешаци.
Според бугарската Гранична полиција, сообраќајот на другите гранични премини со Северна Македонија се одвива нормално.