Речиси една година границата со Грција е затворена поради коронавирусот.
На граничниот премин годинава за прв пат немаше ниту колони возила, особено за Велигден, Први мај, Илинден или пак Голема Богородица, а како што одминуваше летото и доаѓаше зимото граничниот премин Богородица- Евзони беше се попразен и попразен.
Српскиот портал Телеграф.рс се одлучи преку Македонија да замине на граничниот премин кој се наоѓа во Гевгелија и да сними што се случува таму.
Додека ја гледате снимката, имајте на ум дека Грција го продолжи рокот за забрана за влез во земјата до 22 февруари месецов, а во земјата има и полициски час од 18 до шест часот наутро.