Границата со Грција ќе се отвори на 14-ти мај. Сепак, за влез на територијата кај нашиот јужен сосед ќе биде потребен задолжителен негативен ПЦР тест или потврда за вакцинација. Ова го изјави министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека вакви информации добил по разговорот со неговиот колега од Грција, Теохарис.

-Министерот Теохарис ме извести дека планираат двете граници за македонските граници да ги отворат на 14-ти мај, во Дојран и Евзони. Но, ќе биде потребно задолижелен негативен ПЦР тест или потврда за вакцинација. Јас земав утрово да испратам е тоа како ќе изгледаат нашите сертификати за вакцинација со сите потребни кодови и листата на официјални и овластени лаборатории кои што може да издаваат ПЦР тестови. Се надевам дека нема нешто драстично да се случи со што би се влошила епидемиолошката состојба во двете држави, меѓутоа како сега стојат работите, министерот Теохарис најави дека на 14-ти мај ќе се отворат границите.