Непознати сторители со син спреј на неколку места во близина на автобуската станица испишале графити со навредлива содржина и закани на етничка основа.

Од полицијата информираа дека случајот кај нив бил пријавен претпладнево околу 10 часот и 30 минути.

– Во Полициска станица Гостивар пријавено е дека на четири станбени згради и трафостаница на улиците „Гоце Делчев“ и „Мара Угринова“ во Гостивар, со син спреј, биле испишани неколку графити со заканувачки, етнички мотивирани содржини. Испишаните графити се фотодокументирани и се преземаат  мерки за расчистување и документирање на случајот, наведуваат од СВР Тетово.

Испишувањето на навредливите графити остро го осуди и градоначалникот на општина Гостивар и како што нагласи, тоа не оди во прилог на негувањето на вредностите од соживотот. Тој побара од надлжените што побрзо да ги откријат сторителите за да не се создаваат тензии.