На Светскиот ден на лицата со посебни потреби, градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари го потпиша решението со кое ќе се формира Работна група за изработка на акциски план за лица со посебни потреби, составена од шест члена.Од Општината информираат дека согласно решението кое веќе стапи во сила, овој стратешки документ ќе го подобри квалитетот на животот на лицата со посебни потреби. Новоформираната група е задолжена да изготви акциски план за лицата со посебни потреби кој ќе ги содржи потребите, решенијата, целите и приоритети така што локалната власт и организациите на лица со различни потреби ја унапредуваат положбата на лицата со посебни потреби во заедницата.

Исто така, ќе се воспостави специфичен систем за проценка на потребите кој ќе вклучува констатирање и мислење со проценка на специфичните потреби на лицата со посебни потреби, мислење и проценка на статусот на попреченост како и пристап во согласност со правилото 5 од Стандардните правила на ОН за изедначување на можностите за лицата со посебни потреби.-Работната група ќе ја усогласи и фактичката состојба на територијата на општина Гостивар со пристапност за лицата со посебни потреби, внимавајќи на вертикалната и хоризонталната сигнализација на пешачките патеки, тротоарите и паркинг местата за лица со посебни потреби, ниските тротоари со раскрсници и премини за пешаци, звучна сигнализација на семафорите и пристапност на институциите кои работат на територијата на општина Гостивар за лица со посебни потреби, соопштија општинските власти.Групата ја сочинуваат координаторот Африм Иљази и членовите Бујар Алиу, Јетмир Алиу, Маргерита Милошеска, Самир Грбле и Џеват Фејзули.