Градоначалникот на Желино, Блерим Сејдиу од Беса, ги оставил вработенитете и советниците во општината 8 месеци без плати. Според доверливи извори од Општината, дознаваме дека градоначалникот на Желино од Беса, Блерим Сејдиу, ги оставил советниците на општината без плати 8 месеци, додека единствениот што примил плата во текот на овие 8 месеци и уште продолжува да прима плата е само градоначалникот.
Оваа незавидна и крајно игнорантна состојба кон вработените во општината и советниците може да потикне револт кај советниците, каде според неофицијален извор следната недела се очекува да има важни случувања.