Првиот човек на Општина Вевчани, Сашо Јанкоски денеска го осуди палењето на бугарското знаме на Вевчанскиот карневал.
Вели дека овој чин не соодејствува со ставот на Општината и најголемиот процент на нејзиното население.
„Напротив, Вевчани е меѓу првите општини во Македонија збратимено со градчето Мелник, општина Сандански, како членови на Асоцијацијата на карневалските градови кои негуваат слични традиции“, соопшти градоначалникот.
Вели дека Општина Вевчани и вевчанци и во минатото веднаш ги осудувале палењата на знамиња и на други држави.
„Упорно стоиме на ваквиот став и во иднина ѝ сметаме дека ваквиот чин на изразување револт е недопустлив макар и за најирационалниот, најстариот и најавтентично сочуван пагански карневал во светот како што е опишуван Вевчанскиот карневал низ годините од речиси сите светските медиуми. Се надеваме дека овој несреќен чин и ирационален чин нема да фрли дамка на меѓусоседските односи“, објави градоначалникот на Фејсбук.