Градоначалникот на албанската метропола Тирана, Ерион Велиај ја доби титулата „почесен граѓанин“ на општина Гостивар. Одлуката беше изгласана на последната седницата на Советот на општината.

Предлогот пред советниците го изнесе градоначалникот Арбен Таравари, кој неодамна при посетата на Тирана имаше средба со Велиај.

– Општина Гостивар го цени Велиај како човек со позитивна енергија, пример за начинот на кој ја трансформираше Тирана. Чест е да се има сограѓанин како Ерион. Како градоначалник на Тирана тој се истакнува проактивен пристап, со позитивна енергија, со модерно лидерство, рече градоначалникот Арбен Таравари.

Во изминатиов период општина Гостивар има остварено повеќе соработки со Тирана во областа на образованието и во областа на културата.

Засега не е прецизиран датум кога на Велиај ќе му биде врачен симболичниот „клуч на градот“, но како што рекоа од општина Гостивар, тоа ќе биде на скромна церемонија која треба допрва да се организiра.