Поради прекршувањето на задолжителната самоизолација против охридскиот градоначалник, Кирил Пецаков ќе биде поднесена и кривична пријава, дознава Телма.

„СВР Охрид во координација со Центарот за Јавно здравје презема мерки и активности за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава“ соопштија МВР.

Инаку, како што објавивме во текот на денот градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков иако имал позитивен тест, сепак не останал дома, не се изолирал, туку излегол надвор и бил дел од манифестацијата по повод Богојавление Водици. Тој утрото на 19-ти направил тест, а резултатите ги добил попладнето. Како што вели, не се тестирал поради симптоми, туку поради тоа што планирал да патува, па затоа не ги дочекал резултатите туку излегол од дома. Направил на 21 јануари втор тест, кој се покажал негативен, но како што вели нема да патува, туку ќе остане во изолација до 28-ми јануари.

Со позитивен тест се изгушкал со сите на Водици, градоначалникот на Охрид наместо во изолација, бил на Водици