Градоначалникот на Кисела Вода Филип Темелковски е позитивен на Ковид-19.
Самиот тој ја соопшти веста на социјалните мрежи, додавајќи дека се чувствува добро.
„Почитувани пријатели,
Во текот на вчерашниот ден појавив благи симптоми на Ковид 19, по што денес направив ПЦР тест кој покажа дека сум позитивен на Ковид19. Се чувствувам добро и се надевам дека состојбата нема да се промени, а симптомите ќе бидат сведени на минимум. Се извинувам доколку ненамерно некому сум ја пренел болеста без да знам.“, напиша на социјалната мрежа facebook градоначалникот на Кисела Вода, Филип Темелковски.