Градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски, конечно се појави во јавноста за да признае дека неговите ветувања сè уште висат, поради, како што вели – хаосот што го затекнал во општината. Костовски вети дека од првиот ден општинските канцеларии ќе ги претвори во амбуланта, но по повеќе од 2 месеци денеска изјави дека не се откажал од ветувањето, туку побара време додека не се стабилизирала состојбата во општината.

Покрај ветувањето за амбуланта, првиот човек на Бутел им даде и други слични ветувања на жителите на оваа општина. Костовски досега беше во голема мера затворен за медиумите, информирајќи за своите активности само преку објави на социјалните мрежи.