Градоначалникот на Струмица продолжува со практиката да им го отстапува кабинетот на младите, во кампањата градоначалник на еден ден.

-Денешното прво доброутро во мојот кабинет му го посакав на младото момче Јанко Мицев, ученик во втора година во СОУ „Никола Карев“, кој денеска е во улога на Градоначалник на еден ден. Заедно ќе ги извршуваме планираните градоначалнички обврски во кабинетот и надвор од него, но ќе ги слушам и неговите забелешки и предлози за уште поголема соработка со младите и поуспешен развој на нашата Општина. „Градоначалник на еден ден“ ни е заедничкиот проект со Europe House Strumica со која негуваме взаемна почит и соработка на повеќе полињ, порача Костадинов.