Италијанецот Примиано ди Мауро од партијата „Лига“, не успеа да стане градоначалник во градот Лезина, иако бил единствeниот кандидат на листата. Лезина е град во Италија со 6000 жители, а Мауро не станал градоначаланик, затоа што не излегле повеќе од 50% од бирачите.

Градот сега ќе го раководат комесари. Апстиненцијата била фаворизирана од две групи на локални политичари. Поразот без против кандидат стана хит на социјалните мрежи, а многумина го исмеваат Мауро и неговата партија, затоа што треба да ги вратат парите кои ги земале.

Извор: Репортер.мк