Условите на Мон Блан се толку опасни што алпинистите треба да платат депозит од 15.000 евра за да ги покријат трошоците за спасување и можните погреби, рече Жан-Марк Пеле, градоначалник на Сен Жерве, град во подножјето на највисоката планина во западна Европа.

Оние кои ги игнорираа предупредувањата и тргнаа по рутата Гута до планината, играа „руски рулет“, рече Пелекс. Тој додаде дека просечните трошоци за спасување на планината се 10.000 евра, а трошоците за погребување се 5.000 евра.

„Неприфатливо е француските даночни обврзници да ги покриваат овие трошоци“, посочи градоначалникот.

Пелекс рече дека планинските водичи одбиваат да одат со алпинисти на популарната рута Гута, позната како Кралска рута – од Сент Жерве или блиското алпско туристичко одморалиште Шамони. Нивната одлука е на сила најрано до средината на август.

Но, има „псевдо планинари“, како што ги нарече Пелекс, кои сами тргнаа да ги освојуваат врвовите носејќи ја „смртта во ранците“.

Тој за Би-Би-Си изјави дека сака луѓето да реагираат, да сфатат дека денес е многу опасно, дури и самоубиствено да се искачи тој врв.

Мон Блан е висок 4.807 метри и има 11 врвови над 4.000 метри.

Недостатокот на снег во текот на зимата и екстремно високите температури летово ги дестабилизираа карпите и ги отежнаа процепите во нив. Високата температура предизвика топење на глечерите на Алпите, што го зголеми ризикот од лавини, а топлотниот бран предизвика и чести паѓања на карпи.